Дибиров во одбрано друштво – постигна 1.000 погодоци во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Рускиот интернационалец во Вардар, Тимур Дибиров, стигна до 1.000 постигнати погодоци во Лигата на шампионите! Неговиот трет гол против ПИК Сегед, ја однесе вардаровата легенда во одбрано друштво во кое се само уште Никола Карабатиќ и Кире Лазаров. Левото крило сите голови ги постигна во дресовите на Чеховски Медведи и Вардар. Погледнете го јубилејниот гол на Дибиров во елитното натпреварување....