Вардар го продолжи победничкиот поход и кај Бутел

Вардар со нови три бода се враќа од градското дерби во Бутел, откако беше поуспешен со резултат 23-26 (13-16). Македонскиот шампион останува на првата позиција во група А на пет кола до крајот регуларниот дел од првенството со максимален учинок.

Македонскиот првак ја имаше иницијативата и резултатската предност во текот на целиот натпревар. Првото полувреме беше неизвесно, но Вардар го држеше противникот на минимална разлика до самиот финиш кој го заврши во “позитива” од три гола 16-13.

На почетокот на вториот дел, “црврно-црните” со низа од три гола создадоа голема предност (13-19), Бутел ја намали разликата на само два гола (19-21, 48′).Јан Чувара од пенал имаше можност да го врати Вардар на безбедни “плус три” но голманот Блажевски беше поуспешен. Затоа на спротивната страна Ѓеоргиевски беше прецизен и на неполни 10 минути до крајот ги врати возбудувањата на овој дуел (20-21,51′).

Сепак Бутел немаше сили за комплетно изненадување. Во 55.минута Вардар се врати на три гола предност, а разликата ја задржа до самиот финиш на дуелот, а конечниот резултат изнесуваше 23-26.

Куни Моралес го предводеше Вардар со 8 голови,додека Талески, Стоилов и Карапалевски постигнаа по 3. Кај домаќинот Крстевски беше прецизен 8 пати,го следеше Јефтиќ кој постигна 6 голови.