Вардар го испрати Келце во изолација

Екипата на Келце двапати го победи Вардар во осум дена и успеа да освои четири бода, но доби и забрана за тренинзи и натпревари до 1 декември бидејќи сите играчи мораат во изолација, а ова го објавуваат од handballnews.pl. Причината е денешната пријава од Вардар за заразени ракометари.

Поради позитивните тестови ракометарите на Вардар нема да ги одиграат дуелите со ПСЖ и Порто кои беа планирани за следната недела, а во прашање е и дуелот меѓу ПСЖ и Келце.

Иако пред натпреварот меѓу Келце и Вардар сите играчи мина на тестирање и имаа негативни тестови после средбата има позитивни во таборот на Вардар. Не е познато дали и во Келце има, но превентивно тие се во изолација.

„Целиот тим е во самоизолацијаи таа ќе трае до вторник. На 1 декември играчите и сите членови на тимот ќе бидат подложени на тестови. Доколку резултатите бидат негативни, тимот ќе замине во Париз на средбата од Лигата на шампионите која е закажана за 3 декември“, стои во соопштението од тимот на Келце.

Ваква ситуација имашеипосле дуелот против Пик Сегед, но тогаш немаше заразен ракометар во редовите на Келце.