Вардар ги пушти во продажба билетите за четвртфиналниот дуел со Војводина

Екипата на Вардар во четвртфиналето од регионалната СЕХА лига силите ќе ги одмери со тимот на Војводина.

Македонскиот шампион на првиот дуел ќе биде домаќин, додека реванш средбата ќе се одигра во Нови Сад.

Од ,,црвено-црниот” табор денес ги пуштија во продажна билетите за дуелот со Војводина, кој ќе се одигра на 6 април во СЦ ,,Јане Сандански”.

Продажбата на билетите ќе се врши онлајн на www.mktickets.mk и преку продажната мрежа на Мктикетс.

Цената на билетите, во зависност од блоковите, е 150 и 200 денари.

За влез во салата ќе биде потребно да имате испечатен билет или билет во електронска форма (PDF) што ќе треба да го покажете на влез во салата.

Ако ја мине Војводина, Вардар ќе се бори за Ф4 со белорускиот првак Мешков Брест.

Терминот за дуелот меѓу Вардар и Војводина е 18:00 часот.