Вардарци го дознаа терминот за натпреварот против Келце

Мечот од осмото коло од А групата од Лигата на шампионите меѓу Келце и Вардар ќе се одигра на 25 ноември во Полска, со почеток во 20:45 часот.

ЕХФ заедно со клубот домаќин и ТВ куќата што прави преноси го одбраа вториот вечерен термин за одигрување на натпреварот. Со тоа познати си термините и саатниците во првите десет кола во Лигата на шампионите.

Во А групата од Лигата на шампионите покрај Вардар, се уште и екипите на Мешков, Елверум, ПИК Сегед, Флензбург, Порто, ПСЖ и Келце. Првите две екипи по одигрување на регуларниот дел од сезоната ќе се пласираат директно во четвртфиналето, а оние од трето до шесто место ќе разигруваат во осминафиналето.

Во првото коло од групата што почна минатата недела Вардар гостуваше кај Мешков и загуби со 22-24, иако во самата завршница имаше шанса да се избори најмалку за реми. Во четврток, на 24 септември Вардар ќе биде домаќин на Елверум во рамките од второто коло. Таа средба е закажана за 20:45 во СЦ „Јане Сандански“.