Вардарците евоцираа спомени: Манасков и Докниќ по 15 години на средба во Скопје (ФОТО)

Со екипата на Алпла Хард во Скопје гостуваше и српскиот голман Голуб Докниќ, кој своевремено две сезони беше член на Вардар.

Докниќ, кој сега има австриско државјанство и брани за Австрија, во СЦ „Борис Трајковски“ имаше прилика да се види по 15 години со поранешниот соиграч, македонската легенда Пепи Манасков.

Голманот беше во Вардар две сезони – 2005/06 и 2006/07, а првата сезона во Скопје на Докниќ, беше последна за Манасков во кариерата.

Тогаш „црвено-црните“ играа во Челинџ Купот и стигнаа до четвртфиналето кога беа елиминирани од романската Стеауа Букурешт.