Вардаровиот Хрват со репрезентативен повик – Хорват смета на Гаџа, Кудуз е резерва

Селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват, објави список од 19 ракометари на кои ќе смета за време на ЕХФ неделата.

На списокот се најде и членот на Вардар, Анте Гаџа, а на средната бековска позиција ќе има голема конкуренија во Дувњак, Циндриќ и Лучин.

Резерва е левиот бек на „црвено-црниот“ тим, Анте Кудуз, кој ќе биде повикан во случај некој да откаже.

Хрватска во рамките на ЕХФ неделата ќе игра пријателски натпревари против Словенија како дел од подготовките за настап на ЕП.