Вардаровиот дом „Јане Сандански“ во конкуренција за најдобар европски храм на ракометот

Европската ракометна избра 11 спортски сали низ Европа во кои настапуваат најдобрите машки и женски екипи, од кои ќе го одбере „храмот на ракометот“.

Во конкуренција се домот на ЧСМ Букурешт (Јоан Кунст Германеску), „Дворана Златорог“ на словенечкиот првак Целје, па салата „Легионов“ на Келце.

Потоа тука е „Лес Аренес“ на Мец, црногорската „Морача“ на Будуќност, па скопскиот храм на ракометот „Јане Сандански“. Следуваат „Ауди Арена“ на европскиот првак Ѓер, па „Вундерино Арена“ на Кил.

Ваквиот избор не смее да помине без „Веспрем Арена“, „Ласло Пап“ и „Ланксес Арена“, двете сали во кои се одржуваат завршните турнири во ЛШ, иако во текот на сезоната ниту еден ракометен тим не игра во нив.

Вашиот глас за СЦ „Јане Сандански“ може да го дадете на следниот ЛИНК.