Вардарки со непробојна одбрана – примија само 10 гола од Ѓорче!

По поразот од Чаир, ракометарките на Вардар се вратија на победничките патеки во Женската лига, откако славеа убедливо на домашен терен против Ѓорче Петров со 33-10.

Победата беше обезбедена уште по првиот дел, кога беше 19-6, а второто полувреме беше само формалност, како и на поголемиот дел од натпреварите во оваа конкуренција.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Трпевска и Диневска со по шест погодоци, а по пет дадоа Седлоска и Николиќ. Кај Ѓорче се истакна Цветановска со три гола.