Валчеа не смета на Германката – Миневскаја остана без клуб

Репрезентативката на Германија, Евгенија Миневскаја остана без клуб откако пред неколку денови спогодбено го раскина договорот со романска Валчеа.

Во нејзиното соопштение преку социјалната мрежа Инстаграм напиша дека не е среќна што заминува од романскиот тим, а во наредниот период нејзиниот фокус ќе биде целосно закрепнување од повредата.

Миневскаја заедно со Олга Горшенина, Ралука Дешчелете и Ирина Глибко требаше да ја сочинува левата бековска позиција на Валчеа за новата сезона. Со нејзиното заминување, романскиот суперлигаш останува со три ракометарки на таа позиција.

Миневскаја во екипата на Валчеа пристигна минатата сезона и беше една од клучните ракометарки во екипата која беше предводена од тогашниот тренер, Флорентин Пера.

Левиот бек на германската репрезентација четири сезони настапуваше за Турингер и по две сезони за Лајпциг и Мецинген, додека во сезона 2019/2020 го носеше дресот на француски Брест Бретањ.