Бутел Скопје и Голден Арт ќе играат во финалето на младинскиот Ф4

На финалето од Ф4 турнирот во младинската машка конкуренција, кој се одржува во Богданци, ќе играат екипите на Бутел Скопје и Голден Арт.

Бутел Скопје во првото полуфиналето го совлада тимот на Пролет со 22:20, додека Голден Арт во второто полуфинале славеше над домаќинот Младост Богданци со 29:26.

Финалето и натпреварот за трето место ќе се одиграат во текот на утрешниот ден, по што ќе биде познат новиот младински шампион во Македонија.

Ланската сезона титулата во машката младинска лига ја освои екипата на Алкалоид, која во финалето го совлада Бутел Скопје.