Бутел задржа уште двајца ракометари – Георгиевски и Божиновски потпишаа нови договори

Откако беа продолжени договорите со Мирко Мајиќ, Горан Печенковски и Златко Мојсоски, тимот на Бутел Скопје ја обнови соработката со уште двајца ракометари.

Станува збор за левото крило Марко Божиновски, кој ќе остане во Бутел Скопје и следната сезона, како и за средниот бек Мики Георгиевски, кој исто така потпиша нов едногодишен договор.

Бутел Скопје под водство на Кристијан Грчевски ќе биде претставник на Македонија во Лигата на Европа, заедно со Еурофарм Пелистер и Металург.

Се очекува следната седмица да бидат продолжени договорите и со уште неколку ракометари од минатата сезона.