Бутел се раздели со петмина – заминаа Даскаловски, Трифковиќ, Омерагиќ…

Тимот на Бутел Скопје ќе има поинаков лик во новата сезона, откако овој клуб реши да се раздели од петмина ракометари.

Станува збор за организаторот на играта Горан Печенковски, кој четири сезони играше во Бутел, потоа левите бекови Едвин Омерагиќ и Христијан Милошески, голманот Златко Даскаловски и десниот бек Душан Трифковиќ.

Омерагиќ и Трифковиќ заминуваат во странство, Милошески веќе потпиша за Прилеп, а наскоро ќе бидат познати новите дестинации на искусните Даскаловски и Печенковски.

Бутел претходно ги обнови договорите со Младеновски и Јевтиќ, додека нови ракометари се Денис Тот и Градимир Чаневски.