Бутел го освои пехарот на меморијалниот турнир „Денис Тот“

Тимот на Бутел Скопје го освои првото место на првиот меморијален турнир во чест на прерано починатиот ракометар Денис Тот.

Во неговото родно Ѓаково, Бутел го победи хрватскиот Осијек со 25-23 во финалниот натпревар.

Капитенот на бутелци, Златко Мојсоски, го доби пехарот за победата во финалето и освоеното прво место.

На овој турнир, кој ќе прерасне во традиција, учествуваа и матичниот клуб на Тот, Ѓаково, како и босанската екипа Грачаница.

Тот почина минатата година, а во македонскиот ракомет остави трага носејќи ги дресовите на Бутел Скопје и Охрид.