Бундес лига: Томовски јунак на Лудвигсхафен, спаси бод во последниот напад

Репрезентативниот голман на Македонија, Мартин Томовски со својата екипата Лудвигсхафен во 11. коло од Бундес лигата одиграа нерешено 27:27 на домашен терен против Бергишер, а тој беше јунакот на средбата. Томовски со одбраните во финишот меѓу кои и во последниот напад на натпреварот со што спаси бод за својот тим.

Почетокот на натпреварот беше израмнет, двете екипи имаа водство, но само минимално. Финишот од првиот дел им припадна на гостите кога направија предност од три гола со која и отидоа на одмор. Бергишер водеше 14:11 по 30 минути игра.

Второто полувреме продолжи во ист ритам, Бергишер го одржување водството, а успеа и да го зголеми до шест гола. Од 50. минута почна враќањето на Лудвигсхафен, а предността на Бергишер почна да се топи. Една од главните причини за тоа беше Томовски кој во последните пет минути забележа пет одбрани и овозможи својот тим да дојде до бод иако беше во загубена позиција.

Најефикасен во тимот на Лудвигсхафен беше Мапас со пет гола, а Милер постигна четири. Одличен на голот беше Мартин Томовски со вкупно девет интервенции од кои и еден седмерец.

Во останатите дуели фаворитие Кил и Хановер запишаа нови планирани бодови. Кил во својата арена го совлада Мелсунген многу убедливо 38:26. Уште по првиот дел „зебрите“ ја најавија победата кога имаа предност 20:14, а до крајот само го потврдија триумфот.

Хановер имаше неочекувано многу проблеми со Нордхорн, но победи 30:29 и ги освои бодовите со што останува на првата позиција на табелата. Нордхорн беше рамноправен противник, а на полувреме беше 15:15. Во продолжението дури и во неколку наврати имаше водство, но на крајот беа минимално поразени.