Бундес лигата планира натпревари со публика на стартот од новата сезона

Директорот на Бундес лигата, Франк Боман, најави дека следната сезона натпреварите би требало да стартуваат со гледачи на трибините.

Иако и понатаму има проблеми со коронавирусот, сепак, постои надеж дека на натпреварите ќе може да има присуство на публика и дека ќе може да има навивачи.

„Првично, можно е на трибините да има исполнетост од околу 25 проценти. Постепено бројот на гледачи би се зголемувал. Натпреварите без гледачи значително ќе ги намалат приходите на клубовите, па затоа мора да се обидеме да го избегнеме ова“, коментира Боман за германските медиуми.

Почетокот на новата сезона во Германија е предвиден за 4 септември доколку условите го дозволат тоа. Во спротивно резервниот термин е почетокот на октомври. Покрај тоа постои и третаопцијаза старт на првенството во јануари.

„Не треба да бидеме во шок. Ако го блокираме нашиот ракомет една година, тоа ќе биде како да се вратиме назад дури 40 години“, додаде Боман.

Сезоната во Германија заврши административно, а титулата му беше доделена на тимот на Кил, кој имаше најмногу поени во моментот на прекинот на шампионатот.