„Бундес лигата е двапати посилна од Лигата на шампионите“

Некогашниот лев бек на хрватскиот првак Загреб, Домагој Павловиќ, ќе ја започне третата сезона во германскиот Мелсунген.

Во интервју за „Спортске Новости“ тој вели дека Бундес лигата е двапати посилна од најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите.

„Бундес лигата е дупло посилна од Лигата на шампионите, со нејзиниот интензитет, набој и се останато. Тоа се два различни света. Дури кога ќе пробаш да играш во Германија ќе го сфатиш тоа. Јас сум апсолутно задоволен, повторно сум здрав и подготовен за најдоброто. Оваа сезона ќе биде голем предизвик“, вели Павловиќ.

Тој имаше тешка повреда на коленото на еден натпревар со Кил, но успеа да се врати на теренот побрзо од очекуваното, и посакува камбек и во националниот тим.