Будуќност никако да влезе во форма, претрпе уште еден пораз

Шампионот на Црна Гора, Будуќност доживеа нов пораз во Лигата на шампиони откако и во 2. коло на домашен терен немаше противигра за Борусија Дортмунд. Загуби со 29:34 и го потврди слабиот старт на сезоната.

Будуќност добро се држеше петнаесетина минути, а во продолжение Борусија Дотрмунд го контролираше резултатот. До полувремето гостинките обезбедија водство од два гола, а после 30 минути игра беше 15:17.

Во продолжението Будуќност постојано беше на минус два или три, но никако не успеваше да дојде до израмнување. Во последните десетина минути Борусија стигна до највисоки шест позитива што беше доволно до крај на дуелот за прв триумф во новата сезона.

Најрасположени за игра во Будуќност беа Матеа Плетикосиќ со седум гола и Валерија Маслова со шест погодоци. Предводничка до триумфот на Борусија беше Алина Гријселс до 11 погодоци, а шест постигна Ван дер Хејден.

Будуќност шанса за првиот триумф во Лигата на шампиони ќе ја бара во третото коло нагости кај Есбјерг, додека екипата на Борусија Дортмунд ќе ја пречека екипата на Брест.