Брест на Младеновска е најбогат француски клуб – има двапати поголем буџет од Мец и Нант

Тимот на Брест Бретањ, во кој настапува репрезентативката на Македонија, Ива Младеновска, има најголем буџет од сите женски клубови во Франција, пренесува францускиот портал „ Republicain Lorrain“.

Споменатиот медиум ги објави буџетите на клубовите кои играат во најквалитетното француско натпреварување и според него, моментално, најбогат клуб во Франција е Брест Бретањ. Буџетот на клубот на Ива Младеновска е 7,7 милиони евра.

Шампионот на Франција, Мец, има двојно помалку буџет од вицепрвакот Брест Бретањ. Годишниот буџет на Мец е 4,3 милиони евра, додека амбициозниот Нант има буџет од околу 4,1 милиони евра.

Екипите на Париз и Безансон може да сметаат на буџет од 2,2, односно 2 милиони евра.

Ахенхајм и Сен Мор се клубовите со најмалку средства, на располагање имаат по 1,2 милиони евра.