Брест ги откажа подготовките: Една ракометарка позитивна на коронавирус, седум во самоизолација

Коронавирусот продолжува да прави проблеми на екипите ширум Европа. Сите екипи пред да започнат со подготовки ги тестираат своите играчи, а тоа го направи и францускиот Брест.

Како што пренесува letelegramme.fr, тестот на една ракометарка е позитивен, но нејзиното име не е објавено. Заразената ракометарка и уште шест други кои биле во близок контакт со неа се во двонеделна самоизолација.

„Немаме осум ракометарки, ова ни ја отежнува ситуацијата. Но, подобро ова да ни се случи сега отколку во текот на сезоната“, коментираше тренерот Лорен Безо.

Освен седумте ракометарки заради коронавирусот, во составот на Брест недостасува и Ѓурѓина Јауковиќ која летово направи трансфер од Будуќност. Црногорката има проблеми со визата и сè уште не може да отпатува во Франција.

Овие компликации на работите во пресрет на почетоткот на подготовките на Брест Бретањ го одложија нивниот почеток на неодредено.