Брегар: Не ги делам ракометарките на млади и стари

Откако стана по квалификацискиот турнир за Олимписките игри, дека Љубомир Обрадовиќ нема да биде селектор на Србија, РСС почна со потрага по негова замена.

Таа заврши во Словенија. Урош Брегар ќе ја води селекцијата на нашиот северен сосед, а прв предизвик ќе биде бараж двомечот со Словачка за пласман на Светското првенство во Шпанија.

„После толку години беше тешка одлука да си заминам од клупата на Словенија, која долго време не беше на големата сцена. Направивме континуитет на големите натпреварувања, но дојде време за промена, за нова енергија, која ми е потребна и мене и на ракометарките. Верувам дека со посветена рабоота, со заедничка работа на стручниот штаб и ракометарките, може да направиме голем резултат. Почнуваме со анализа за Словачка. Разговарав со сите ракометарки и драго ми е што гледам мотив да играат за националниот тим. Знам дека екипата е малку постара, но ракометарките не ги делам на млади и стари, а подмладувањето ќе дојде со природен процес. Сакам на стартот да ги повикам сите, работите во ракометот се менуваат, кариерите се се подолги, па ракометарките над 30 се уште не се сметаат за стари“, вели Брегар.

Србија доби незгоден ривал во баражот за Мундијалот, Словачка, но доколку бидат комплетни не би требало да имаат проблеми да обезбедат мундијалска виза.