Браќата Илиевски и Металари со нови задачи во Турција и Црна Гора

Европската ракометна федерација ги објави делегирањата за денешните натпревари на ЕХФ шампионатите и ЕП за кадетки.

Задача ќе има за судиите Методија и Михајло Илиевски, кои ќе го судат натпреварот меѓу кадетките на Косово и Полска на ЕХФ шампионатот во Турција.

Камер Металари ќе биде делегат на средбата меѓу Чешка и Исланд, од последното коло од групната фаза на ЕП во Црна Гора.

Кадетската репрезентација на Македонија на континенталниот собир од 20:15 часот игра против Франција.

Следете не на нашите канали на социјалните мрежи, на официјалната страница на Facebook, бидете дел и од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.