Браќата Душебаев се враќаат во составот на Шпанија за дуелите со Франција

Репрезентацијата на Шпанија во април ќе одигра два пријателски натпревари против Франција.

Селекторот на Шпанците, Жорди Рибера го објави и списокот на повикани ракометари за овие две средби. На неговиот список се најдоа 18 ракометари, а меѓу нив се и браќата Душебаев кои се враќаат во репрезентацијата.

СПИСОК НА ШПАНИЈА: Родриго Коралес, Сергеј Ернандез, Агустин Касадо, Пол Валера, Чема Маркез, Антонио Гарсија, Даниел Душебаев, Алекс Душебаев, Иманол Гарсиандиа, Едуардо Гурбиндо, Даниел Фернандез, Аитор Арињо, Феран Соле, Жорге Серано, Абел Сердио, Инак Пасина, Адриа Фигуерас, Гедеон Гвардиола.

Натпреварите се закажани на 14. април во Париз, а два дена подоцна во Шамбери.