Бранко Тамше ќе води репрезентација на Мундијалот во Египет?

Поранешниот тренер на Целје и ППД Загреб, Бранко Тамше кој беше во комбинација за тренерската позиција во Еурофарм Пелистер пред неколку месеци, а во еден период се споменуваше и како можен стратег за клупата на Вардар.

Во последните месеци е без ангажман, а најновите информации велат дека може да се посвети на работа како селектор. Информациите од Словенија велат дека тој е близу до договор со репрезентацијата на Тунис што би значело дека може да биде дел од Светското првенство во јануари.

Сепак, тука нема да биде воопшто лесно бидејќи и конкуренцијата е доволно силна. Покрај Тамше кој важи како најсериозен кандидат за местото селектор на Тунис, во комбинација се и Славко Голужа од Хрватска и Даниел Гордо од Шпанија.

Голужа е единствен од тројката кој има работа како тренер во моментов. Тој ја предводи екипата на Татран Прешов. Гордо ја заврши соработката со Бразил каде беше селектор, додека Тамше една година е без ангажман откако мораше да го напушти Загреб.