Бојковска ги засили редовите на Кузман Вардар

Екипата на Кузман Вардар за продолжението од сезоната се засили со ракометарката од Шампион, Марија Бојковска.

19-годишната ракометарка игра на позиција пикер, а во последните две сезони во Шампион најчесто играше во одбрана.

Со нејзиниот камбек во Кузман Вардар, составот на Александра Кузмановска добива играч, кој ќе може да одигра во два правци, но исто така и да биде важна фигура за натпреварите од плеј-аут фазата во Супер лигата.

Бојковска седум години настапуваше за кадетската екипа на Металург, потоа еден период го носеше дресот на Кузман Вардар. Во последните две сезони беше дел од Шампион.

Кузман Вардар не обезбеди пласман во плеј-оф фазата и во продолжението од сезоната ќе настапува во плеј-аут фазата заедно со екипите на Овле Поле СУ, Гевгелија, Шампион, Спартак, Астибо и Феникс АМС.

Избраничките на Александра Кузмановска во 1. коло се слободни, додека во 2. коло за противник ја имаат екипата на Шампион.