Бошковски: Не сме без шанси против Гранољерс

Тимот на Пролет го доби шпанскиот тим Гранољерс за ривал во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

Гранољерс ќе ја има фаворитската улога, но тренерот на Пролет, Андон Бошковски порачува дека станува збор за ривал што максимално ќе биде почитуван, но не и преценет во двете меѓусебни пресметки.

„Добивме исклучително атрактивен противник, свесни сме за реномето на Гранољерс, тим што меѓу другото ја има и најдобрата младинска школа во Шпанија долги години наназад. Ако кажам дека Гранољерс е фаворит, нема да згрешам, но нема да згрешам и доколку кажам дека не смееме да го пренециме противникот и дека не сме без шанси. Од она што го дознав веднаш по ждрепката, тренерот потпишал нов договор, додека капитенот си заминал од клубот заедно со уште неколку ракометари. Дополнително ќе ги дознаеме сите информации и ќе се подготвиме, наша цел дефинитивно е квалитетно да ги одиграме двата натпревари и доколку ни се укаже шанса, да оствариме добар резултат“, изјави Бошковски.

Првиот натпревар би требало да се игра во Скопје на 28/29 август, додека реваншот е една недела подоцна во Шпанија.

Ги елиминираа Вардар и Јафа Промет, на ред дојде и Пролет

Пролет немаше среќа – против Гранољерс во битка за втора рунда во Лигата на Европа