Босна и Херцеговина на пат да стави крај на првенството!

Поголемиот број клубови во Босна и Херцеговина го поддржаа ставот на потпретседателот на федерацијата Маринко Умичевиќ да се прекине првенството.

Заради пандемијата со коронавирусот сите натпреварувања се во прекин, па така е и во Босна и Херцеговина, а Умичевиќ предложи првенството да се смета за завршено и за шампиони да бидат проглесени водечките на табелата.

Во овој момент во машка конкуренција прв на табелата е Борац кој би требало да биде шампион за сезоната 2019/20. Во женска конкуренција водечка е екипата на Груде која оваа сезона се натпреваруваше во регионалната лига и тие ќе ја освојат титулата.

Поголемиот дел од водечките луѓе на клубовите се согласија дека во овој момент најважно е здравјето на сите и дека во вакви околности првенството ја губи секоја смисла. Овој предлог сè уште не е верификуван, но со оглед на тоа што се согласуваат сите се очекува наскоро и официјално да биде прогласено за завршено првенството на Босна и Херцеговина,