Босанците чекаа четири месеци да прогласат шампион

Тимот на Борац од Бања Лука е нов шампион на Босна и Херцеговина. На седницата на Управниот Одбор на Ракометниот Сојуз на БиХ, конечно е донесена одлука за крај на Премиер лигата и потврда за шампионот.

Што се однесува до испаѓањето од лигата, донесена е одлука да се игра бараж меѓу четири екипи.

Двете последни во Премиер лигата, Искра Бугојно и Горажде, како и прваците на федералните лиги Криваја и Босна Сараево ќе го играат баражот пред стартот на новата сезона.

Место во европските купови обезбедија шампионот Борац, Грачаница и Босна Виспак, кои ќе играат во Купот на ЕХФ.