Босанската атракција во Битола во ТОП 5 – Перфектно додавање на Периќ, вртенка на Граџан (ВИДЕО)

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер славеше во интересен натпревар против швајцарскиот Кадетен Шафхаузен со 27-26 во 8 коло од Лигата на Европа.

Еден од погодоците што го одбележа овој натпревар беше „вртенката“ на босанскиот репрезентативец Елмир Граџан.

По атрактивната асистенција на неговиот клупски и репрезентативен колега Јосип Периќ, Граџан го совлада голманот на Кадетен.

Овој погодок доби место во ТОП 5 голови на колото во Лигата на Европа, а може да го погледнете ТУКА.