Борозан останува, Веспрем нема да носи засилувања за следната сезона!

Унгарскиот шампион Веспрем во следната сезона ќе има 18 ракометари во ростерот, а единствени заминувања ќе бидат оние на голманот Мартон Секељ и десниот бек КЕнт Робин Тонесен.

Црногорецот Вуко Борозан имаше договор на 1+1 година, а раководството на унгарскиот гигант и некогашниот вардарец решија да ја активираат и втората година од договорот.

Претходно договорите ги продолжија Јахија, Лауге, Штрлек, Нилсон, Благотиншек, Ненадиќ, Мае…Поради финансиската криза, ривалот на Вардар најави дека ќе има оптимален број на ракометари во ростерот и нема да носи нови играчи, а по потреба ќе вклучува играчи од младинскиот погон.

Веспрем е ривал на Вардар во осминафиналето во Лигата на шампионите, а многу веројато и во четвртфиналето на регионалната СЕХА лига.

Состав на Веспрем за 2021/22 година:

Голмани: Коралес, Цупара
Крила: Шишкарев, Штрлек, Манасков, Маргуч
Пивоти: Нилсон, Мораес, Благотиншек
Бекови: Лигетвари, Лекаи, Ненадиќ, Лауге, Маркусен, Македа, Јахија, Мае, Борозан