Боризовска и ПАОК го демолираа Коридау за старт на шампионатот во јужниот сосед

Шампионот на јужниот сосед, ПАОК од Солун, каде што игра македонската интернационалка Александра Боризовска, имаше победнички старт на новата сезона.

ПАОК на домашен терен забележа убедлив триумф над составот на Коридау со 33 голови разлка, 49-16.

Победата беше најавена уште во првото полувреме кога тимот од Солун имаше предност од 15 гола, 23-8. Боризовска на овој натпревар успеа да се запише пет пати во листата на стрелците.

ПАОК е ривал на Металург во второто коло до Европскиот Куп, a натпреварите ќе се одиграат на 8 и 15 октомври.