Борец, КЛ7, Еурофарм Пелистер 2 и Скопје во борба за титулата во младинската лига

Викендов се одиграа натпреварите по групи во младинската лига во машка конкуренција. Беа пријавени дури 24 екипи, кои беа поделени во четири групи по региони по шест екипи.

Натпреварите се играа турнирски, играше секој со секого, а четирите првопласирани од сите групи обезбедија место на завршниот турнир што ќе се игра на 17 јуни.

Од групата А на Ф4 оди Борец кој немаше тешка задача. Од групата Б, Еурофарм Пелистер 2 оствари победи на сите пет меча и тоа убедливи, додека најинтересно беше во групата В, каде гол разликата реши дека КЛ7 ќе биде првопласиран пред Бутел. Овие две екипи во последното коло одиграа реми, кое им одговараше на избраниците на Игор Котевски.

Во групата Г, тимот што обезбеди место во Суперлига, со голем дел од ракометарите што играат во прволигашка конкуренција, стигна до првото место со четири победи и едно реми, и обезбеди место на завршниот турнир.

Ф4 турнир, 17 јуни, распоред на натпревари:

Борец – Скопје
Еурофарм Пелистер 2 – КЛ7
меч за трето место
финале

Регуларен дел, резултати:

група А: Радовиш, КЛ7 Свети Николе, Куманово, Партизан, Астраион, Борец

Радовиш – КЛ7 Свети Николе 25-18
Куманово – Партизан 24-22
Астраион – Борец 14-21
КЛ7 Свети Николе – Куманово 23-23
Партизан – Борец 19-24
Радовиш – Астраион 21-21
Партизан – Радовиш 32-28
КЛ7 Свети Николе – Астраион 19-14
Куманово – Борец 16-25
КЛ7 Свети Николе – Партизан 22-23
Астраион – Куманово 22-18
Радовиш – Борец 15-24
Борец – КЛ7 Свети Николе
Куманово – Радовиш
Партизан – Астраион

група Б: Еурофарм Пелистер, Еур. Пелистер 2, Тиквеш, Охрид, Струга, Прилеп

Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 33-11
Прилеп – Струга 27-17
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 28-17
Струга – Еурофарм Пелистер 19-25
Охрид – Прилеп 15-29
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 22-27
Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 22-11
Прилеп – Тиквеш 31-18
Еурофарм Пелистер – Охрид 21-15
Тиквеш – Струга 23-30
Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 21-26
Охрид – Струга 31-25
Охрид – Тиквеш 29-14
Струга – Еурофарм Пелистер 2 15-28
Еурофарм Пелистер – Прилеп 22-19

група В: Бутел Скопје, Шампион, КЛ7, Аеродром, Металург РА, Македонија ЃП

Бутел – Шампион 29-20
КЛ7 – Аеродром 27-12
Шампион – Металург РА 21-25
Бутел – Македонија ЃП 27-21
Аеродром – Металург РА 18-21
Македонија ЃП – КЛ7 24-41
Македонија ЃП – Шампион 22-30
Бутел – Металург РА 30-24
Шампион – КЛ7 22-31
Македонија ЃП – Аеродром 25-33
Металург РА – КЛ7 25-32
Аеродром – Бутел 26-27
Аеродром – Шампион 23-18
Металург РА – Македонија ЃП 30-26
КЛ7 – Бутел 23-23

група Г: Работнички, Вардар, Скопје, Јуниор КВ, Металург, Пролет

Работнички – Вардар 28-19
Скопје – Пролет 28-23
Вардар – Металург 25-29
Работнички – Јуниор КВ 30-25
Пролет – Металург 27-32
Јуниор КВ – Скопје 28-33
Јуниор КВ – Вардар 21-32
Работнички – Металург 35-33
Вардар – Скопје 21-27
Јуниор КВ – Пролет 22-31
Металург – Скопјe 23-24
Пролет – Работнички 32-28
Пролет – Вардар 22-19
Металург – Јуниор КВ 31-30
Скопје – Работнички 27-27