Борец во финишот го скрши отпорот на Текстилец, ќе игра во осминафиналето на Купот

Тимот на Борец славеше во бараж натпреварот од Купот на Македонија против штипски Текстилец со 30-24 и обезбеди место во осминафиналните групи.

Во текот на целиот натпревар најчесто се играше гол за гол, но во финишот гостите од Штип со низа грешки им дозволија на младите велешки ракометари да направат солидна разлика и на крајот да слават.

Со оваа победа Борец обезбеди место во осминафиналната група 3 која треба да се игра в недела.

Ривал на велешани ќе биде струмички Астраион, додека во другото полуфинале од оваа група ќе играат Вардар Неготино и Куманово.