Бомбач го осуди тренерот на Загреб: Сите го знаеме Вујо, но треба да има повеќе респект кон играчите!

По неколку дена од легендарниот тајм-аут на некогашниот тренер на Вардар, а сегашен на Загреб – Веселин Вујовиќ, кога на Алекс Влах му се обрати со зборовите „Умри, повеќе да не те гледам“, во словенечките медиуми се огласи Деан Бомбач.

Средниот бек на ПИК Сегед го осуди потегот на Вујовиќ.

„Сите го знаеме Вујо каков е, но тој мора да има повеќе респект за играчите што се борат за него. Жал ми е за Алекс. Во секој случај, она што го направи Вујовиќ не треба да биде дел од спортот“, изјави Бомбач за Свет24.

Овој тајм-аут беше дел од натпреварот кој Загреб го загуби на гостувањето кај Мешков Брест.