Божиќното чудо од Хрватска: Двапати била клинички мртва, на респиратор, а сега е ракометарка!

Во светот постојат голем број на приказни за тоа како луѓето се враќаат меѓу живите со реанимирање, но ретко кој доктор би се одлучил цел саат да реанимира пациент и да се труди да го врати назад. Еден таков случај е и ракометарка од Хрватска, Ивана Бановиќ, која важи и како најголем фан на тимот на Нексе од Нашице, кој игра во СЕХА лигата.

Таа има интересна приказна за случувањата во 2018 година и тоа пред Божиќ, а цела среќа во приказната е тоа што истата завршила односно имала среќен крај.

„Двапати бев клинички мртва, а првиот пат повеќе од еден час. Се вратив во живот медицински необјасниво и без никакви трајни последици. Кога пола година подоцна дојдов на контрола, случајно ја сретнав докторката која што ме реанимираше. Кога ме препозна заплака велејќи ми: ‘Знаев дека не смеам да запрам’. Тогаш дознав дека ме оживувала цел час“, вели Бановиќ.

Таа имала здравствени проблеми при што прво имала покачена температура.

„Добив температура, но како и повеќето луѓе не отидов веднаш на доктор. Ми помина, но се врати одново на пет дена до Божиќ. Се чувствував многу лошо  ужасно ме болеше грлото, па отидов во болница. Таму одлучија да ме задржат  тоа е последното на кое се сеќавам до будењето“.

Имала многу проблеми бидејќи дел од органите почнале да и откажуваат.

„Ми рекоа дека ме оживувале двапати и после тоа ме ставиле во индуцирана кома. Белите дробови биле споени на респиратор, а малку потоа откажале и бубрезите, па биле ставени на дијализа. Потоа сепса ги зафатила сите органи освен црниот дроб. Следниот ден се појавило и воспаление на срцето, а се појавил и дијабетис. Ова се случувало во два дена. Тогаш беше Бадник. Ми велеа дека низ дома се подготвувале за погреб и чекале повик од болница, но следниот ден на Божиќ кога мојот брат се јавил да праша што се случува и дали заборавиле да се јават слушнал убави вести. Докторите рекле дека сум подобро и дека не знаат како е тоа можно. Ме нарекоа Божиќно чудо“, вели Бановиќ за хрватските медиуми.

Таа сега се чувствува одлично и тренира ракомет. Воедно и редовно ги посетува натпреварите на тимот на Нексе од Нашице.