Блесок на Митревски против екс клубот, Порто ита кон титула во Португалија!

Репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски кој настапува за Порто имаше уште еден одличен настап за својот тим во готинската победа кај Бенфика од 33:35 во дербито од 27. коло.

Митревски имаше новa блескава партија против екс клубот и со вкупно 16 интервенции од кои две од седмерец беше еден од најзаслужните за победата. На дуелот против Бенфика тој беше единствениот голман во ростерот и ги помина сите 60 минути на терен со 32% одбранети удари.

Порто се соочи со голем отпор од Бенфика, иако постојано имаше водство домашниот тим во неколку наврати опасно се доближуваше. Митревски и колегите на полувреме имаа пет позитива кога водеа 14:19.

После десетина минути во вториот дел Бенфика со серија од 6:1 успеа да се доближи на само еден гол негатива, но немаше сили за пресврт. Порто со три последователни гола повторно се врати на безбедна предност и забележа нова победа.

Со овој триумф тимот на Митревски останува на првата позиција на табелата со максимални 27 победи и веќе практично ја има обезбедено титулата со шест бода предност пред Бенфика на три кола до крајот.