„Битолчани убаво ме прифатија – ме застануваат на улица, разговараме, ми даваат и по некој совет“

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ, вели дека брзо се адаптирал на Битола и дека градот веќе има посебно место во неговото срце затоа што неговиот син е роден тука.

Не се чувствува како ѕвезда иако голем број навивачи знаат да го застанат на улица и да зборуваат со него за ракомет, па дури да му дадат и некој совет.

„Не ми беше тешко да се навикнам на животот во Битола. Ние сме Балкан, блиски сме по менталитет, а и убаво бев прифатен. Мал град, се ни е при рака. Битола ќе има посебно место во нашето срце затоа што со сопругата тука го добивме и синот Ивано. За Битола ќе ме врзуваат само убави спомени. Се трудам да живеам нормален живот, но ова е (по)мал град, сите се знаат. Ме застануваат понекогаш на улица, разговараат со мене, добивам и по некој совет! (се смее) Секој има некоја идеја, но тоа е симпатично и убаво и не ми пречи.“

Целосното интервју со Периќ прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ЈОСИП ПЕРИЌ: Еурофарм Пелистер расте во европски клуб – а нашата цел е титула!