Битолчани го слават херојот на денот – МАРТОН СЕКЕЉ!

Eурофарм Пелистер денес запиша голема победа во Битола против грчки АЕК и со тоа обезбеди европска пролет. Грчкиот шампион беше потопен во салата „Боро Чурлевски“ со 11 разлика (30:19).

Еден од најзаслужните за овој голем триумф на „пелистерци“ дефинитивно беше голманот Мартон Секељ, од почетокот до крајот Секељ беше на највисоко ниво и бранеше чисти шанси на гостите.

Блескавата партија ја најави уште во почетните минути, а најдобрата одбрана можеби ја имаше во седмата минута кога спречи гол од контра на грчкиот тим. Иако од се што направи денес тежок е изборот.

Во продолжение ги спречуваше противничките играчи од сите позиции, тешко реализираа и седмерци. Натпреварот унгарскиот голман го заврши со 16 интервенции и сигурно ќе биде еден од главните фаворити кога ќе се избира тимот на колото.

Противникот на Еурофарм Пелистер во осминафиналето од Лигата на Европа е веќе познат, битолскиот тим ќе се сретне со Нексе во еден балкански двобој.