Бикоски е верен на Прилеп – потпиша нов договор (ФОТО)

Тимот на Прилеп продолжува со формирање на ростерот за следната сезона во која ќе има зголемени амбиции.

Откако Реваз Чантурија и Давор Шокоски ги продолжија договорите, следен на листата е левото крило Христи Бикоски.

Левокрилниот ракометар, кој беше меѓу најдобрите стрелци, потпиша нов договор на една сезона и ќе му остане верен на тимот предводен од Горан Кузманоски.

Претходно, Прилеп ги засили редовите со левиот бек на Бутел Скопје, Христијан Милошески.