Бизарна повреда: Му се скршила чаша во раката, мора да паузира два месеци!

Ракометарот на екипата на германскиот третолигаш Ханау, Михаел Хемер мора да паузира од ракометните терени околу 2 месеци.

Хемер се здоби со повреда држејќи чаша во раката која одеднаш се скршила. Стаклото предизвикало оштетување на тетивата на палецот од левата рака.

Тоа значи дека ракометарот на Ханау ќе ги пропушти последните натпревари за својот тим, кој е на добар пат да стане учесник во втората ракометна Бундес лига.

Настанот се случил минатиот четврток, а Хемер во понеделникот бил успешно опериран на клиниката во Ханау.