Беше единствениот Колумбиец што заиграл во Македонија, сега се пресели во Полска

Ракометарот од Колумбија, Сантијаго Москера, по пробниот период за екипата на Торус Вибже од Полска, денес и официјално беше претставен како нов ракометар во амбициозната екипа од Гдањск.

Москера го носеше и дресот на Еурофарм Работник од Битола пред пет сезони, кога овој тим беше предводен од Андон Бошковски. Поради малата минутажа, Москера се одлучи да замине од битолскиот клуб по само една полусезона и својата кариера ја продолжи во Португалија.

23-годишниот ракометар стекна искуство со настапите за Mаиа и Спортинг Хорта, а беше дел и од австралискиот Сиднеј и шпанскиот Ромо. За селекцијата на Колумбија има одиграно 12 официјални натпревари.

Москера имаше и неколку тренинзи со екипата на Торус Вибже и играше неколку контролни натпревари, а потоа раководството на клубот се реши да го ангажира во своите редови.