Бенфика веќе елиминирана од ЛЕ, ФТЦ не издржа против Монпелје

Актуелниот бранител на титулата во Лига на Европа, екипата на Бенфика веќе е елиминирана од второто по квалитет европско натпреварување, откако на домашен терен загуби убедливо од Фленсбург со 39:26.

Бенфика за пласман меѓу најдобрите осум екипи ќе треба на реваншот да направи чудо и да победи со повеќе од 14 гола разлика.

Тимот на Архус, кој беше еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групната фаза, против Грањолерс обезбеди победа од два гола разлика, 34:32.

Екипата на Ференцварош издржа 40 минути против Монпелје и во последниот период од дуелот немаше многу сили за надигрување, па така францускиот тим со триумфот од 36:30 речиси со една нога се наоѓа во четвртфиналето.

Изненадување направи Бисасоа Ирун, која го совлада Спортинг со 30:27 и во Португалија ќе патува со залиха до три гола.

На победа се радуваа и екипите на Нексе, Фуксе Берлин, Кадетен и Гепинген.

Лига на Европа, осминафинале

Мотор – Нексе 23:27 (8:13)

Скјерн – Фуксе Берлин 23:28 (11:14)

Бенфика – Фленсбург 26:39 (10:21)

ФТЦ – Монпелје 30:36 (17:16)

Грањолерс – Архус 32:34 (12:20)

Кадетен – Иштад 38:32 (21:17)

Валур – Гепинген 29:36 (13:17)

Бидасоа – Спортинг 30:27 (11:12).

Нексе го среди Мотор, Скјерн не беше пречка за Фуксе Берлин