Нексе го среди Мотор, Скјерн не беше пречка за Фуксе Берлин

Хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице со една нога веќе е во четвртфиналето на Лигата на Европа, откако славеше убедливо во првата средба против Мотор Запорожје.

На првата пресметка од осминафиналето, избраниците на Бранко Тамше без особени проблеми триумфираа со 27-23 во Диселдорф и пред реваншот се во одлична позиција.

Триумфот беше најавен уште по првиот дел, кога Нексе имаше плус пет, 13-8. Најдообри стрелци во победничкиот тим беа Вејин со седум гола, како и Бакиќ и Милета кои погодија по пет пати.

Исто толку голови постигнаа Кубатко, Хориха и Турченко за украинскиот првак.

Во вториот осминафинален двобој од Лигата на Европа, Фуксе Берлин исто така без особени проблеми славеше на гости кај данскиот Скјерн со 28-23.

Девет гола за „лисиците“ даде крилото Вебер, седум пати стрелаше Гидсел, оддека кај Скјерн се истакнаа Расмусен и Петерсен со по четири погодоци.