Белорусите се уверени: Способни сме да славиме во Битола!

Вечерва ќе биде познат последниот патник на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига во Задар.

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер и белорускиот шампион Мешков Брест ќе се борат за последниот билет.

„Еурофарм Пелистер е добар ривал за нас во овој дел од сезоната. Ги гледав нивните натпревари во Струга за да се подготвиме подобро за тоа што не чека, да научиме повеќе за нивните нови ракометари и тактики. Нивниот ов тренер сака да игра брз ракомет и мора да бидеме подготвени за тоа. Голманите мора да бидат на ниво и одбраната мора да се движи во вистинска насока“, вели тренерот Дмитри Тихон.

Средниот бек Александар Подшивалов смета дека неговиот тим може да слави во Битола.

„Еурофарм Пелистер има одлични бекови и добри голмани. Сигурен сум дека ќе биде интересен натпревар, едвај го чекам. Целта е да се фокусираме само на нашата игра. Верувам дека сме способни да славиме во Битола и да се пласираме на Ф4“, вели Подшивалов.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:15 часот.