Белорусите го признаа поразот – Вардар против Мешков го одигра најдобриот натпревар

Тимот на Вардар славеше со 35-27 над Мешков Брест во второто коло од Лигата на шампионите.

Тренерот на гостинскиот тим Дани Гордо, видно нервозен и пред пресот и после него, подели комплименти за играта на Вардар.

„Вардар одигра одличен натпревар. Можеби најдобриот меч оваа сезона, затоа што ние ги гледавме сите нивни дуели. Противникот имаше добар ден, играа во одлична атмосфера. Ние почнавме лошо, не бевме добри во одбраната. Во нападот противникот даваше лесни голови. Во вториот дел пробавме да се вратиме, имавме шанса да бидеме компетитивни, но лесните грешки ни ја одземаа шансата. Зад нас се три тешки меча во последните седум дена, а за вакви дуели треба енергија. Наше е да се поправиме и да се обидеме да се вратиме во ЛШ“, изјави Гордо.

Владимир Врањеш исто така го призна поразот.

„Честитки до Вардар. Ова беше заслужена победа за нив. Во првиот дел ривалот беше подобар, но во вториот дел откако ја сменивме одбраната на 5-1 се вративме во мечот. Но потоа направивме уште неколку грешки во серија не пресекоа во налетот. Му посакувам среќа на Вардар во ЛШ“, изјави Врањеш.

Следниот натпревар Вардар го игра на домашен терен во среда против европскиот првак Алборг.