Без Карачиќ и Лијевски, Келце ја декласираше Висла Плоцк

Екипата на Келце слвеше во дербито од првенството на Полска против најголемиот конкурент, составот на Висла Плоцк со 29:20.

Иако настапија без најдобрите Карачиќ, Лијевски и Фернандез избраниците на Талант Душебаев имаа убедливо издание и уште во раната фаза мечот создадоа висока предност која на крајот се покажа доволна за победата.

Само првите минути од дуелот беше израмнето до резултат 2:2, следуваа грешки во нападите на играчите на Висла кои Келце ги искористи и се одлепи на 6:2 а потоа беше и 9:4. До крајот на првиот дел Келце продолжи со одличната игра и по 30 минути имаше водство од 15:7.

Доминацијата на домаќинот продлжи во втроит дел, веќе во 36. минута имаа десет гола предност 18:8. До крајот на натпреварот без проблеми ја задржаа позитивата и му нанесоа висок пораз на директниот конкурент во првенството.

Најефикасен во составот на Келце беше Аркадиуш Морито со седум погодоци, а Агинагалде, Кулеш и Јахлевски постигнаа по четири. Во екипата на Висла Плоцк најефикасен беше Жабиќ со шест гола, а Млакар постигна четири.