Без изненадувања на Супер Глоуб, Барса им даде 50 гола на „министрите“

На првиот ден од неофицијалното Светско клупско првенство, Супер Глоуб, немаше изненадувања и беа постигнати очекувани резултати.

Бранителот на тронот, Магдебург имаше победнички старт против Сиднеј од Австралија и славеше со 41-23.

Европскиот првак Барселона му даде дури 50 гола, а прими само 18 од мексиканскот состав Министрос во победата со 32 гола разлика.

Бразилскиот Таубате славеше против Ал Кувајт со 32-28, додека египетскиот Ал Ахли иако имаше само минимално водство на полувреме, на крај беше убедлив против Ал Мудар и победи со 36-30.