Беа на Светско првенство како играчи, а сега се враќаат како селектори

На 27. Светско првенство кое ќе се одржи во Египет во јануари 2021 година ќе учестуваат повеќе тренери кои претходно настапиле како ракометари на големите натпреварувања.

Гијом Жил е првиот на листата тренери кои играле на СП, тој сега ја предводи репрезентацијата на Франција. Жил припаѓаше на златната генерација на францускиот ракомет, а настапуваше за Шамбери и Хамбург. Плејмејкерот за Франција одигра 276 натпревари и постигна 658 гола, а беше дел од екипата која го освои златниот медал на Олимписките игри во 2008 година. Жил ја предводи Франција од 2020 година кога го замени Дидие Динар.

Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо во својата тренерска кариера го има своето прво искуство со национaлен тим како селектор на Египет. Тој од Вардар во 2019 година замина во Египет како освојувач на Лигата на шампионите. Како десно крило на шпанската репрезентација има настапувано на светските шампионати.

Средниот бек на Шведска во минатото, Љубомир Врањеш во моментов ја предводи Словенија. Најпознатиот клуб за кој има настапувано е Фленсбург, кој беше и неговиот прв тим кој го водеше како тренер по завршувањето на неговата играчка кариера во 2007 година. Врањеш беше дел од репрезентацијата на Шведска која стана светски шампион на првенството во Египет во 1999 година. Сега како тренер, но на Словенија ќе се обиде да го повтори успехот од пред 21 година.

Следен на листата е Кристијан Берге кој има богата интернационална карирера, на 63 меча има постигнато 251 гол. Најпознат клуб во кој играше е Фленсбург на позиција среден бек. Берге ја предводи Норвешка од 2014 година и на претходните две првенства освои сребрен медал.

Поранешното лево крило на Данска, Николај Јакобсен сега ја предводи националната селекција. Во текот на неговата репрезентативна кариера Јакобсен има одиграно 148 натпревари и постигнато 584 голови. Тој е прогласен за најдобар ракометар на Данска два пати, во 1993 и 1999 година. Во кариерата Јакобсен има настапувано и за Кил со кој освои три титули во Бундес лигата. Репрезентацијата на Данска ја предводи од 2017 година, а по само две години стгина до светската шампионска титула која Данците ќе ја бранат во Египет.

Матео Гаралда е поранешен десен бек на Шпанија кој сега ја предводи репрезентаијата на Чиле. Гаралда беше дел од ол-стар тимот на првенствата во 1993 и 2005 година, а во 2005 година го освои златниот медал со Шпанија. Од 2016 година е селектор на Чиле, а на претстојното првенство ќе настапат со вајлд карта.

Последен на оваа листа е слекторот на Чешка, Јан Филип. Тој настапуваше на десната крилна позиција во нациооналниот тим, а има повеќе учества на големите натпеварувања. Најголем успех оствари на првенството во 2005 година кога Чешка го освои десетото место.