Бањик Мост го освои трофејот во МОЛ Лигата

Ракометарките на чешкиот претставник, Бањик Мост, го освоија трофејот во регионалната МОЛ Лига за оваа сезона.

Тимот од Чешка иако на гостински терен загуби од нивниот директен конкурент за првото место, Хувента Михаловце со 19:18, сепак, го освои трофејот во регионалното натпреварување бидејќи на словачкиот претставник му требаше победа од шест гола разлика.

Поради тоа, титулата останува кај шампионот на Чешка. Третото место го освои екипата од Словачка, Дунајска Стреда.

Ланската сезона, Бањик Мост беше исто така победник во регионалното натпреварување, но поради ситуацијата со ковид-19, трофејот не беше подигнат од терените.