Барселона си доминира во Шпанија – го освои 26. трофеј во Копа Дел Реј

Ракометарите на Барселона ја продолжуваат доминацијата во Копа Дел Реј и го освоија деветиот пехар во низа откако во финалето го совладаа Гранољерс со пресврт во второто полувреме со 30:26.

Оваа титула на Барселона е деветта по ред во Копа Дел Реј, а вкупно 26. во историјата со што е убедливо најтрофеен тим во шнаскиот куп. Зад Барселона е Атлетико Мадрид кој има освоено десет трофеи.

Гранољерс одигра одлично прво полувреме и не дозволи големиот фаворит да ја игра својата игра и имаше постојана предност. Барселона постојано беше во негатива и на полувреме губеше 11:15.

Сепак во продолжението Барселона не дозволи изненадување и со многу подобро издание од првото полувреме направи целосен пресврт. Предводен од Петрус и Зеин во одбраната и Н’Гесан во нападот каталинскиот тим забележа сигурна победа и освои нов трофеј.

Најефсикасен во тимот на Барселона беше Н’Гесан со осум гола и беше прогласен за играч на натпреварот, а стрелец на седум гола беше Алеикс Гомез. Во тимот на Гранољерс најефикасен беше Чема Маркез со осум погодоци.